Иво Санадер излегува на слобода

Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд во Загреб денеска го укина притворот на поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер, кој веќе во текот на денот може да биде пуштен на слобода.
Како што јавуваат хрватските медиуми, на Санадер, кој веќе три години е во притвор, ќе му биде вратен пасошот и ќе излезе без плаќање кауција.
Жупанискиот суд така одлучи откако Уставниот суд заклучи дека Врховниот суд на Санадер незаконски му го продолжил истражниот затвор кога на 30 септември ја укина неправосилната првостепена пресуда во случајот „Фими медиа“.
Како што изјави неговата адвокатка Јадранка Слоковиќх, на Санадер ќе му биде вратен пасошот бидејќи не постои можност од бегство, а кога ќе се раздолжи во затворот Реметинац, тој може веднаш да излезе на слобода.
На одлуката на вонрасправниот совет на Жупанискиот суд незадоволната страна има право на жалба, но таа не го одлага извршувањето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
