Македонија
21. May 2020 - 17:02

ИВЗ не се откажува од организирањето молитва викендов

ИВЗ ја откажа централната манифестација за Фитер Бајрам но не и молитвата во џамиите по повод празникот. Поглаварот Сулејман Реџепи објави мерки според кои треба да се одржи намазот, откако претходно преку писмо и порача на

Владата дека без оглед дали ќе има полициски час ќе тие ќе одат на молитва. Во одлуката објавена денеска Реџепи порачува во недела молитвата за Фитер Бајрам да не биде подолга од 15 минути, да се избегнуваат поздравите, да се откажат посетите на гробишта, одењето на гости и  задолжително верниците да носат маски, абдестот да го прават дома  и да носат свое сеџаде во џамија . Имамот на Мустафа - пашината џамија порачува дека молитвата за  Фитер е многу важна за верниците. Тоа е најрадосниот ден за муслиманите а доколку одлуката е да се одржи намазот ,тоа ќе биде  согласно сите мерки како и до сега.

Рамазан Бајрам се прославува три дена.  Првиот се одбележува со молитва и со делење помош за најзагрозените, а останатите денови верниците одат на гости кај роднини и пријатели.
Во писмото до Владата, ИВЗ предупредува ако се воведе  58 часовниот  полициски час,  надлежните ќе ја изгубат довербата од сите верници од исламската заедница за претстојните избори. Како верска институција се должни да им служат на верниците и нема да сносат товар одложувајќи го намазот во џамија. Гарантираат дека ќе бидат испочитувани сите мерки како и до сега за што потсетуваат дека не добиле ниту една забелешка од Владата.