Изаири: Реформи во системот на водоснабдување за подобар квалитетот на водните услуги

Реформите во системот на водоснабдување во Македонија ќе го подобрат квалитетот на водните услуги што се даваат од страна на јавните комунални претпријатија, истакна денеска министерот за животна средина Нурхан Изаири на почетната работилница на проектот „Реформи во ситемот на водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води на локално ниво“, финансиран од ЕУ.
- Со овој проект се опфатени јавните комунални претпријатија од Градот Скопје и општините Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово. Секако во поголем дел од активностите ќе бидат вклучени и ЈКП од другите општини, појасни Изаири.
Потенцира дека крајна цел на проектот е да овозможи поефективно и поефикасно управување со услугите за водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води во иднина.
Раководителот на одделението за оперативни работи на Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке истакна дека проектот ќе им овозможи на јавните претпријатиа да ги модернизираат своите услоги и да овозможат дополнителни инвестиции коишто ќе овозможат Европската Унија и понатаму да ги поддржува.
- ЕУ има три проекти со кои ќе ги поддржи овие реформи со средства од 5,5 милиони евра, другите два проекти започнат во блиска иднина, а сите три проекти тесно ќе соработуваат во следните три години. Овој проект е многу сложен со многу засегнати страни во кој се вклучени 11 општини и широк спектар на технички, финансиски и институционални прашања коишто ќе треба да се решаваат, истакна Клауке.
Проектот ќе помогне во реформирање на постоечкиот систем на водни услуги на ниво на јавните претпријатија, и во поглед на нивната организација, управувањето, финансиското работење и оперативните аспекти. Тој ќе биде спроведен во соработка со МЖСПП, Министерството за транспорт и врски, Единиците за локална самоуправа и јавните коминални претпријатија. Клучна засегната страна ќе биде Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ кои ќе биде значително зајакнато преку проектот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува
-

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена
-

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма
-

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
