Македонија
4. јуни 2022 - 17:04

Избодени три лица на концертот на ДУИ

Тројца малолетници се приведени, а три лица меѓу кои и еден малолетник се избодени на концертот организиран од ДУИ на плоштадот „Скендербег“.

- На 03.06.2022 во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје, поради тоа што на плоштадот „Скендербег“ во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети, информира МВР.

Според информации на МВР, во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест. Од малолетниците кои биле приведени биле одземени два ножа.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.