Избор на нови членови на Регулаторната комисија на 50. собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50. седница на чиј дневен ред како прва точка е ставен изборот на претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување.
Пратениците треба да се изјаснат и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика, како и за повеќе предлог-законски решенија од економската сфера.
На дневен ред во прво читање се Предлог-измените на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог-законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување, како и измените на Законот за безбедност на производите и измените на Законот за заштита на потрошувачите.
Како предлог законски решенија поднесени од страна на опозицијата се Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, како и Предлог-измените на Законот за земјоделство и руралниот развој.
Во второ читање се ставени Предлог-измените на Законот за акцизите, Законот за царинска управа, Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, Законот за трговските друштва, Законот за работни односи.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ