Избори во Италија: Води „Пет ѕвезди“, никој нема мнозинство

Движењето „Пет ѕвезди“ освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија, но недоволно за сами да формираат влада, покажуваат прелиминарните резултати.
Движењето „Пет ѕвезди“, на Луиџи ди Мајо (31), според првите проекции, освои 33,1 отсто гласови на Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници.
Според истите податоци, на второ место е Демократската партија, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, со 18,7 отсто за Сенат и 18,1 отсто за Домот на пратеници.
Следни се коалициските партнери - десничарската и евроскептична Лига за Северот на Матео Салвини (44) и партијата „Форца Италија“ на Силвио Берлускони со 17,3 отсто и 14,1 процент за Горниот дом, односно 15,8 и 13,0 отсто за Долниот дом на Парламентот.
Тие две партии, заедно со нивните помали коалициски партнери, според истите проекции, освоија најмногу гласови за двата парламентарни дома (36,6 отсто, односно 34,8 отсто), но тие немаат доволно гласови за сами да формираат влада.
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
