Избори за членови на Уставотворното собрание на Венецуела
Во Венецуела денеска ќе се одржат избори за членови на Уставотворното собрание, кои ќе имаат задача да донесат нов устав на земјата.
Новото Уставотоврно собрание, чија конститутивна седница е планирана за 2 август, ќе треба да го замени сегашниот Парламент во кој мнозинство имаат противниците на актуелниот венецуелски претседател Никола Мадуро.
Од вкупно 545-те членови на Собранието, 364 ќе се избираат дирекно во изборни единици по принципот секоја општина по еден пратеник, со исклучок на главниот град Каракас и центрите на провинциите, кои ќе избираат по два претставника. Сите кандидати за овие места се членови или приврзаници на Социјалистичката партија на Мадуро.
Останатите 173 членови на Уставотворното собрание ќе ги делегираат разни струкови организации, како синдикати, пензионерски и земјоделски здруженија, младински движења и стопански комори, блиски до претседателот Мадуро.
Идејата за свикување на Уставотворното собрание ја иницираше Мадуро, со цел, како што обвинува опозицијата, да ги одлижи претседателските избори предвидени за следната година, на кои според анкетите, тој би претрпел пораз и за да преземе целосна контрола над државата.
Опозицијата повика на бојкот на денешните избори и уште на 16 јули организираше референдум, кој не беше признат од Владата, на кој 7,6 милиони лица се изјаснија против свикување на Уставотворно собрание.
Денешните избори претставуваат нова етепа во политичката криза во Венецуела. што започна пред четири месеци, кога на 29 март Врховниот суд, кој е под контрола на Мадуро, им ги одзема мандатите на повеќемина опозициски пратеници. По ова опозицијата започна со организирање на секојдневни масовни протести, во кои досега загинаа 113 лица.
Мадуро синоќа се закани дека ќе ги казни политичките противници, доколку се обидат да го попречат одржувањето на денешните избори.
Во обраќањето до нацијата преку државната телевизија Мадуро најави дека новото Уставотоворно собрание ќе им го одземе пратеничкиот имунитет на опозициските лидери и дека тие ќе бидат судски гонети за предизвикување насилство и организирање на протестите, кои беа забранти од Владата. Согласно законот, организаторите и учесниците на овие протести можат да заработат казни затвор во траење од пет до 10 години,
Опозицијата од своја страна ги повика своите првзаници денеска да излезат масовно на улиците на нов протест против Мадуро и одржувањето на изборите.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши