Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
Во СДСМ денеска почнува постапката за вонредни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. За 9 јуни, недела, е закажан Конгресот на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат, а Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.
Официјално досега нема пријавени, но за неколкумина членови на партијата се знае дека би можеле да се кандидираат. Славјанка Петровска, пратеничка и министерка за одбрана потврди дека ќе се кандидира за претседател, а такви амбиции во јавноста покажа и Стефан Богоев, актуелен директор на Царинската управа, но тој не потврди дека ќе се кандидира. Потенцијални кандидати би можеле да бидат и Јово Деспотовски, директор на ТИРЗ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
СДСМ денеска соопшти дека Централниот одбор на патијата на вчерашната седница усвоил Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател за вонредните избори, како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.
Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор, од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за претседател на партијата.
-Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми. За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата, се наведува во соопштението од СДСМ.
Вонредните внатрепартиски избори ќе се одржат на 30 јуни.
Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.
Сите документи од денеска ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на партијата (www.sdsm.org.mk).
Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.
Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.
Периодот за активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Членовите ќе можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација што ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија