Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи
Предвремените парламентарни избори во Македонија што ќе се одржат во недела на 11 декември ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.
Најмногу домашни набљудувачи имаат акредитирано Граѓанската асоцијација МОСТ - 3.435 и Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА – Штип - 3.387 набљудувачи, ЦИВИЛ – Центар за слобода - 308, Здружението Национален ромски центар (НРЦ) – Куманово - 143, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид - 61 набљудувач и Македонскиот центар за култура и развој - 50 набљудувачи, објавено е на веб страната на Државната изборна комисија.
Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, Мисијата на ОБСЕ во Скопје 65, Амбасадата на САД 51 набљудувач, Парламентарното собрание на ОБСЕ 27, Асоцијацијата на европски студентски структури 24, Парламентарното собрание на Советот на Европа 22, Европскиот парламент и Европската унија по 16 набљудувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија – Диплокат 15, Британската амбасада во Скопје 12, Комисијата за изборни жалби и приговори на Косово и Централната изборна комисија на Косово по 10, Амбасадата на Франција и СИЛБА - Поддршка за иницијативата за дијалог и демократија од Данска осум набљудувачи, Амбасадата на Шведска и Државната изборна комисија на Република Кореја по седум, Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Македонија и амбасадите на Албанија и Италија по шест набљудувачи, Амбасадата на Шпанија петмина, ДИК на Црна Гора и Амбасадата на Косово по четири, Државните изборни комисии на Словенија и Хрватска, Организација за меѓународна соработка Југ Југ, и Бугарската и Унгарската амбасада по тројца, Централната изборна комисија на БиХ, Високиот изборен совет на Турција и амбасадите на Швајцарија, Австрија и на Чешка по двајца набљудувачи и Централната изборна комисија на Литванија и Словенечката амбасада по еден набљудувач.
Најмногу странски новинари кои ќе ги следат парламентарните избори в недела има акредитирано Ал Џезаира Балкан 16, РТВ 21 Приштина акредитираше седум новинари, Државната турска радио телевизија шест, Топ канал Тирана и Ројтерс по петмина новинари, Радио телевизија Србија, Националниот ТВ сервис во Албанија, Визионплус и Здружението за електронски вести Грција по четворица новинари, Асошиетед прес, ТВ РТЛ Загреб и Бугарската национална телевизија имаат акредитирано по тројца новинари, Гласот на Америка, Телевизијата Асошиетед прес, Ruptly- Видео новинската агенција – Германија, порталот Indexonline.com од Косово и германската државна телевизија АРД по двајца новинари, Австрискиот јавен радио телевизиски сервис, Новинската агенција БЕТА Прес од Србија, Ал Џезаира англиски, Агенцијата Dogan News од Турција и Бугарското национално радио Програма „Хоризонт“ имаат акредитирано по еден новинар.
Ново на Сител
-
Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак
-
Најмногу дожд во Прилеп и Берово, утринските температури од 6 до 12 степени
-
Трамп одбива да врати погрешно депортиран човек и покрај одлуката на Врховниот суд
-
Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми
-
Една жена загина, деветмина повредени во напад на украински дрон врз рускиот град Курск
-
Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан поради нов бран депортации
-
Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати