Изборите ќе бидат редовни, тврди Ковачевски
Нашиот став по однос изборите е јасен, тој е договорен и апсолвиран. Изборите ќе бидат редовни, а по однос на тајмингот може да се разговара, согласно роковите во Собранието. Претставниците на поличките партии нека седнат и на работно ниво нека разговараат за деталите. Тоа го изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на прашања на новинарите.
Ковачевски појасни дека во процедура е измената на Изборниот законик, дека во рамки на работна група на Министерството за правда е дискутирано со експерти и претставници на политичките партии, со исклучок на претставници на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, за која посочи дека таа опозициска партија не учествува во ништо, дека е, како што рече, „во фаза на блокада и изолација“.
- Законот согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР е веќе во финална фаза. Него ќе го разгледуваат политичките партии и на работно ниво. Претседателот на Собранието веќе одржа координација со претставниците на сите пратенички групи, ги информираше за датумите кога би можеле да се случат изборите, ќе може да се седне и на такво ниво веќе почне да се договараат деталите оттаму што се работи на ниво на работни материјали и работни групи кои тоа треба да го направат, рече тој.
Тој повтори дека денес во државата има концепт за европска Македонија што го предводи Владата и СДСМ, а кој подеднакво ги третира сите граѓани во земјата поедеднакво независно нивната етничка, верска или било која припадност, наспроти појавите на популизам во земјата, за кој рече дека во својата основа има „етнонационализам и ксенофобија“, што според него е форма на модерен фашизам.
Ново на Сител
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
