Избрани 10 претставници кои ќе ја претставуваат Бугарија во Европското обвинителство
Повеќе од 12 часа траеше изборот на 10 бугарски претставници во Европското обвинителство, со кој раководи романската обвинителка Лаура Ковеши. Првично, Бугарија требаше да има двајца претставници во европската институција, но по разговорот меѓу генералниот обвинител Иван Гешев и Ковеши, Бугарија беше во можност да испрати уште осум претставници, јави дописникот на МИА од Софија.
Весникот „24 часа“ објави дека помеѓу избраните ќе биде и обвинител кој работел на случајот со обвинетиот бизнисмен Васил Божков, кој се крие во Дубаи.
Тројца од избраните за претставници во Европското обвинителство не беа поддржани од главниот обвинител Иван Гешев.
Тој пред гласањето истакна дека повеќето од 35 пријавени кандидати имаат беспрекорна професионална биографија. Гешев истакна дека десетмината избрани од Обвинителскиот колеџ ќе бидат предложени до Европското обвинителство, кое ќе одлучи дали ќе ги одобри.
Ново на Сител
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години