Избрани најдобрите зелени бизнис идеи
Македонија на регионалниот натпревар со зелени бизнис идеи „Форум за развој на филантропија во Западен Балкан“ ќе се натпреварува со идеи за поставување на машини за собирање на искористеното масло за јадење, реупотреба на стар мебел и предмети и изградба на енергетско-ефикасни домови од сламени бали по достапни цени.
Во конкуренција на 11 натпреварувачи за најдобри зелени бизнис идеи се избрани идејата на Стефан Перчинков за поставување на машини за собирање на искористено масло за јадење, на Марта Мојсова за репарирање на стар мебел и реупотреба на стари предмети и на Ана Рафаиловска за изградба на енергетско-ефикасни домови од сламени бали по достапни цени, се наведува во соооштението на Здружението за социјални иновации „АРНО“.
Трите македонски зелени идеи од 27 до 29 јули во Србија, во конкуренција на победничките зелени идеи од Албанија, Косово, Црна Гора и Србија ќе се борат за парични награди од 10 000 долари.
Критериумите според кои се оценувани идеите, како што се наведува во соопштението на организаторот, се изводливост на идејата, позитивното влијание врз локалната економија и врз животната средина, проценка на пазарот и развиената финансиска конструкција, како и според аспектите на само-одржливост и социјалниот импакт на идејата.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и се одржува од 2012 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам