Избрани нови уметнички раководители на МОБ
Нов уметнички раководител на Операта при Македонската опера и балет е Сони Петровски, а уметнички раководител на Балетот е Олга Панго.
Македонската опера и балет денеска информираше дека двајцата раководители се назначени од страна на директорот Игор Дурловски.
Сони Петровски дипломирал и магистрирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршува на голем број семинари кај еминентни композитори во Македонија и странство. Петровски е вонреден професор на истиот факултет, а од 2012 година е избран за претседател на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на голем број композиции изведени во повеќе од 30 држави, а напишал и две музичко-сценски дела, балетот „Паралели“ и операта „Леандер и Косара“.
Олга Панго дипломирала и магистрирала на Академијата за музичко и танцово искуство во Пловдив, Бугарија. Од 2007 е балетски педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј", а две децении била солистка во Македонската опера и балет. Од 2010 година работи како педагог, репетитор и кореограф во МОБ. Одиграла голем број на главни улоги во балетските претстави на МОБ. Како кореограф е автор на кореографии во балетски, драмски и оперски претстави.
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата