Издадена забрана за движење во шума на Осоговските Планини
Од денеска стапи во сила целосна забрана за движење во шума во атарот на Осоговските Планини, како дел од превентивните активности за заштита од пожари.
Соопштението за забраната дојде во истиот период по локализирањето на големиот шумски пожар во кој изгореа околу 150 хектари борова и друг вид шума во кочанскиот дел на Осоговијата.
-Граѓаните треба да ја почитуваат забраната за неовластено движење во шумите, со оглед што станува збор за законска одредба, а нејзиното прекршување може да им донесе високи казни. Последиците од човечкиот фактор и неговото дејствување се веќе видливи во осоговскиот регион каде од пожарот пред еден ден е нанесена непроценлива штета, поради што законските мерки против неовластениот престој во шума ќе се спроведуваат ригорозно, истакна Владо Јефтимов од Територијалната противпожарна единица од Кочани.
Кочанските пожарникари информираа дека за една недела интервенирале дури шест пати во гаснење на шумски пожари во планинскиот регион и во сите случаи проценките дека станува збор за намерно потпалување.
Во известувањето до јавноста тие потсетија дека казните за непочитување на забраната за движење во шума и шумско земјиште за граѓаните изнесува од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест
-
Израел: Постара жена убиена во терористички напад во Херцлија
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка