-->
-->
Издадени 1.600 потврди на мигранти за изминатите 24 часа
-->
Вкупно 1.600 мигранти во изминатите 24 часа добиле потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.
Од нив, 692 се од машки пол, 361 жени, 542 деца кои патуваат со придружба и пет деца кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија - 929 по што следуваат државјаните од Авганистан – 432 и Ирак - 239.
Од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на 24.118 странски државјани, од кои 10.197 се мажи, 5.163 жени, 8.671 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 87 деца кои патуваат без родител.
Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годинава поднесени се вкупно пет вакви барања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете