Издадено предупредување за отровен чад по голем пожар во магацини во Хамбург
Два магацини од утрово се во пламен во северниот германски пристаништен град Хамбург, јави ДПА.
Противпожарната бригада предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот.
Облакот чад се движи од магацините во градскиот кварт Ротенбургсорт во правец кон центарот на градот.
Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.
Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“.
Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот во широка област во североисточниот дел на Хамбург.
Германскиот железнички оператор Дојче Бан исто така најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен.
Во тек се напори за гаснење на пожарот.
Ново на Сител
-
Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата
-
ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
-
Хуманитарна изложба „Бои на надеж“, средствата ќе се донираат за настраданите во Кочани
-
Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство
-
Македонец фатен во Србија со 3 грама марихуана, мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели место кривична пријава
-
Пијан го возел на трактор своето 12-годишно дете и подолг период го изложил на ладно време
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион