Изетбеговиќ: Европа не би била тоа што е без муслиманите

Европа не им припаѓа само на христијаните. Христијанството дошло во Европа неколку векови пред Исламот, и тоа од исто место, изјави Бакир Изетбеговиќ, член на претседателството на Босна, на трибина за екстремизмот и исламофобијата одржана денеска во Сараево, јави новинската агенција Танјуг.
- Кога би го отстраниле културниот елемент и идентитетот што во Европа го донеле муслиманите, тогаш Европа не би била таква каква што денес ја знаеме. Тој придонес се гледа во математиката, астрономијата, хемијата, биологијата, филозофијата, музиката, изјави Изетбеговиќ.
Според Изетбеговиќ, чиј татко беше водач на босанските муслимани за време на граѓанската војна, муслиманите во Европа мора да најдат одговор на исламофобијата која се изразува кон нив. Изетбеговиќ додаде дека исламските екстремисти, со своите напади, намерно даваат материјал за прикажување на муслиманите како терористи бидејќи цел на Исламската Држава и сличните екстремистички организации е да предизвика војна меѓу муслиманите и остатокот на светот. Изетбеговиќ потсети дека екстремистите како што се членовите на ИД се апсолутно малцинство во исламскиот свет.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
