Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
Рано изутрината изгоре дуќан во Старата прилепска чаршија. Брзата интервенција на пожарникарите спречи го0лема опасност да ги зафати другите дуќани и чаршијата.
Пожарот околу 5 часот бил забележан од работник од ЈП „Комуналец“ кој веднаш ја известил противпожарната единица.
- Интервениравме со три возила и брзата интервенција беше клучна, зашто постоеше огромна опасност огнената стихија да ја зафати Чаршијата, односно повеќето дуќани зашто сите се еден до друг, изјави Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.
Во прилепската локална самоуправа за ова и за состојбата со пожарите во Прилепскиот регион состанок одржа Општинскиот кризен штаб.
Од локалната самоуправа информираат дека треба да се ажурира списокот на обучени лица.
- Беше констатирано дека под итно е потребно ажурирање на списокот на обучени лица кои во итни случаи би помогнале при гаснење пожари на отворено и спречување на палењето на стрништа, преку легитимирање на лица кои се движат во поле или шума и заемна соработка со околните општини за заедничко дејствување, соопштуваат од локалната самоуправа во Прилеп.
Според Момироски, поради жештините, во јуни енормно е зголемен бројот на пожари на отворено во споредба со лани. Ако лани биле два, годинава во јуни биле 40 пожари. Во моментов нема активни пожари.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците