-->
-->
Изгаснат пожарот кај Велес, но се уште има жаришта
-->

Синоќа на ридот Гроот над Велес изгаснат e голем пожар со кој беше зафатена поголема површина дабова шума и пасишта, но се уште има жаришта.
Според информацијата од Противпожарната единица од Велес, вчера околу 19 часот е изгаснат големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.
Пожарот кој попладнево избувнал околу 14 часот го гаснеа екипи на ППЕ од Велес и вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
Како што информираа од ППЕ, имало уште неколку жаришта поради што екипи од ЈП „Македонски шуми Шумско стопанство Бабуна“ од Велес синоќа останале на терен, за донекаде да ја контролираат состојбата.
Гаснењето на пожарот беше отежнато и поради ветрот кој попладнето непрекинато дувал на овој реон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
