Изгаснат пожарот на пробиштипската депонија „Озрен“
![]()
Пожарот на депонијата „Озрен“ во Пробиштип е изгаснат. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека гаснењето завршило по три дена интензивно горење на сметот на депонијата. Забележа дека овој пожар бил од најголеми размери досега на оваа депонија, која е стара околу поливина век. За да се изгасне сметот беа ангажирани пожарникари, градежна механизација на фирми, а на неа се истуриле околу 1.600 м/3 земја.
-Ова е неколку децениски проблем на Општина Пробиштип. За да не ни се случува вакво загадување и палење на депонија, одлучивме секој викенд да истураме земја врз сметот, но и да се постави чуварска служба, вели Анастасов.
Тој истакна дека надлежните институции веќе почнале истрага и се бараат виновниците за предизвиканиот пожар на депонијата „Озрен“. Решението во проблемот го гледа и со изградбата на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
