-->
-->
Изгоре фабрика за брикети во Кавадарци
-->

Во голем пожар вечерва изгоре фабрика за производство на брикети за огрев во Кавадараци. Повредени нема.
Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за пожарот.
Богевски соопшти дека веднаш интервенирале во гаснење на пожарот со две противпожарни возила и петмина пожарникари.
- На помош ни дојдоа и со по едно возило и со по двајца пожарникари, колегите од кавадаречките компании „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и колегите од територијалната противпожарна единица од Неготино. Два часа го гасневме пожарот, сега сме при крај со неговата локализација, изјави Богевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
