-->
-->
Изгоре напуштен објект во Тетово каде престојувал бездомник
-->
Тетовската пожарна денеска околу 7:30 часот интервенираше во напуштен објект близу просториите на поранешното превозно претријатие „Полет“, на улицата „Илинденска“.
Во објектот имало едно бездомно лице, а при гаснењето на пожарот со три возила и седум пожарникари, нема повредени.
-Ова е втор ваков случај за кратко време, да се интервенира во напуштени објекти каде доаѓа до пожар, а во кои живеат бездомни лица. И во овој објект имаше едно бездомно лице, но за среќа немаше повредени во пожарот. На 27 април интервениравме кај автобуската станица каде изгоре поголем објект, информира командантот на тетовските пожарникари, Ука Алити.
Денешниот случај е пријавен и во полиција, чии служби почнаа увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Недостигот на медицински кадар глобален проблем
-

Младите од Балканот: Парите повеќе не се мотив за иселувањето, туку корупцијата и нефункционалните системи
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
