Изгоре плевна во Теарце - Шетета огромна

На 30.07.2017 година околу 01.30 часот во с.Пршовце, општинаТеарце, од засега непознати причини, настанал пожар во плевна сопственост на Б.З. (33). Во пожарот изгореле четири молзни крави, две машини за мелење пченка, како и поголема количина пченка, пченица и сточна храна. Исто така, бил опожарен и трактор „Фергусон 539“, кој бил во непосредна близина на плевната. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово и локалното население. При гасењето на пожарот, од чадот дошло до гушење на еден од вработените од противпожарната единица. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
