Македонија
2. November 2021 - 13:08

Изгоре покрив на семејна куќа во гевгелиското село Мрзенци

 Рано утрово, нешто после 1 часот по поноќ, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија добиле дојава за пожар на куќа во селото Мрзенци, сопственост на Славко Станојковиќ.

Пожарникарите брзо интервенирале и веднаш екипите се упатиле на лице место со две противпожарни возила кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според информацијата од ТППЕ Гевгелија од пожарот, кој бил изгаснат и спречен да се прошири на соседната куќа, која била лепенка со запалената, изгореле дел од настрешницата, покривот и еден мотор.

До сега не се утврдени причините за појавата на пожарот во семејната куќа во селото Мрзенци.