Македонија
5. September 2024 - 12:51

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Изгоре покрив од куќа синоќа при пожар во Неготино, информира утрово за МИА Столе Атанасов, командир на неготинската територијална противпожарна единица. 

- Веднаш по дојавата за пожарот на местото интервенираа осум пожарникари од ТППЕ Неготино со две цистерни, една цистерна и двајца пожарникари од ТППЕ Кавадарци, една цистерна од „Комуналец“ Неготино и двајца доброволци од неготинското доброволно противпожарно друштво „Повардарец“, појасни Атанасов. 

Според првичните информации, пожарот најверојатно настанал од плинска боца.