Изгореа повеќе возила кај „Скопјанка“, едно лице пренесено на клиника
Во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром настанал пожар во комбе при што биле зафатени повеќе други возила, едно лице настрада во обид да го изгасне пожарот.
- На 24.10.2021 во 09.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на трговски центар „Скопјанка“ настанал пожар во комбе „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т.(59) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „опел вектра“ со кочански регистарски ознаки, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки. При обид да го изгасне пожарот, Т.Т. вдишил чад и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Увид бил извршен.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
