Македонија
16. July 2016 - 12:12

Изгорен машки труп пронајден во кичевско Орланци

Во кичевското село Орланци вчера околу 11,00 часот пронајден бил починат М.Т.(1942) од Кичево, кој бил со видливи изгореници на главата, вратот, горните екстремитети и на десната нога.

МВР денеска соопшти дека тој на 13.07.2016 година заминал од Кичево во село Орланци. На местото каде е пронајден починатиот на 13.07.2016 година околу 10,00 часот настанал пожар на трева и нискостеблеста шума, по што околу 12,00 часот интервенирала и екипа на ТППЕ-Кичево.

На 15.07.2016 година починатиот бил пронајден од страна на членови на семејството. Телото е предадено на семејството за погреб.