Македонија
2. January 2020 - 11:38

Изградениот пат до манастирот во Давидово доби осветлување

Патот до манастирот „Свети Илија“ во гевгелиското село Давидово, долгo 760 метри, ќе добие и улично осветлување чие што инсталирање привршува со поставување на крајпатни канделабри.

По иницијатива на месната заедница од Давидово, целиот зафат за изградба и осветлување на манастирскиот пат се изведува по проект на општина Гевгелија и чини 10,7 милиони денари, обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој како неповратен грант за општина Гевгелија.

Свој прилог за комплетно финиширање на проектот вети и гевгелиското комунално претпријатие од каде најавија поставување на клупи за седење и канти за отпадоци крај патот од селото до манастирот „Свети Илија“ како придонес за туристичко заживување на овој крај.