-->
-->
Изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење гориво - повредени две лица од Прилеп
-->
Прилепчанец изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење гориво.Како што информираат од полицијата, вчера во 23:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.Т.(19) од с.Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.
Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда