Изјава на претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски по гласањето

Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера, да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, порача денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски откако гласаше на избирачкото место во ООУ „Димо Хаџи Димов“.
- Нека победи демократијата. Граѓаните да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на еден европски цивилизиран народ, нека го искористат своето право на глас и на демократски начин да одлучат кој треба да ги води во наредните четири години, рече Јакимовски.
Според него, вечер ќе има јасен победник на изборите. - Поразениот достоинствено да ги прифати резултатите и да му ја честита победата на победникот, а победникот да не се однесува реваншистички, туку веднаш да се зафати со работа. Максимално да се посветиме на решавање на приоритетите и секојдневните проблеми на граѓаните и да ги надоместиме изгубените две години политичка криза, додаде Јакимовски.
Ново на Сител
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
