Изјава по гласањето на Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сакам во оваа прилика да се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа да го остварат своето гласачко право и со тој чин практично ја заштитија демократијата во Република Македонија и покажаа грижа за своите градови и за своите општини. Се надевам на успешни избори, односно избори што ќе бидат најдобри за Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по гласањето на гласачко место во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Тој воедно укажа дека од партијата нотирале и низа неправилности, како што рече, во текот на изборната кампања и денеска на денот на гласањето.
- Исто така, сакам да нотирам дека за целиот изминат период имаше видливи нерегуларности и незаконитости низ целиот период на кампањата, вклучително и денеска, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
