Излеаната течност во „Охис“ ќе се пакува во соодветно пакување, инспекторите утре повторно на терен

Државниот инспекторат за животна средина попладнево информираше дека при извршениот увид во фабриката „Охис“ земен е примерок од страна на лабораторијата на МВР кој ќе биде испитан, а правниот субјект е задолжен да работи на терен цела ноќ за да целата излеана течност биде преточена во соодветно пакување. Утре, како што најавуваат од Инспекторатот, ќе биде направен контролен инспекциски надзор.
Попладнево, во кругот на фабриката асистираше и Единицата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на Армијата по барање на надлежните за мерење на загаденост на почвата.
Инспекциските служби интервенираа по дојава од жителите кои утрово почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката.
Според Инспекторатот за животна средина, истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината.
– Историскиот течен опасен отпад е безбедно преточен во специјални ADR буриња од страна на правниот субјект Екоцентар 97, Скопје (http://ekocentar97.mk/), во август месец годинава, врз основа на одобрен Елаборат за животна средина од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање како изведувач на активностите, во депото каде беше лоциран историскиот течен опасен отпад, а во соработка со подизведувачот бугарската фирма Сириус Стар од Русе. Преточувањето на течниот опасен историски отпад од старите буриња безбедно се направи со соодветна опрема во нови ADR специјални буриња кои се сместени во затворен наменски магацин и истите се обележани согласно Правилникот – Листа за видови отпад. Активностите беа проследени со вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Складираните буриња е планирано да се извезат надвор од државата согласно важечките законски процедури за извоз од Законот за управување со отпадот, велат од Инспекторатот за животна средина.
Ново на Сител
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
