Балкан
12. July 2016 - 17:10

Излегоа нови морничави приказни поврзани со убиството - Владица сакал сите деца да ги однесе на капење!

По монструозниот злочин во кој Владица Рајковиќ ја силувал и убил тригодишната Ангела Стефановиќ во селото Вратарница во близина на Зајечар, на површина излегоа нови морничави приказни поврзани со кобната вечер на 9. јули, според кои спречен е уште поголем злочин!
 
Имено, таа вечер, монструмот тргнал некаде со сите деца кои биле на роденденот.
 
Според зборовите на соседите, Владица со децата тргнал на капење во реката Тимок. Во тој момент наишол извесен сосед Омер, кој го прашал што прави и каде оди со децата, па ги собрал и ги вратил назад на роденденот.
 
Соседите се прашуваат што би се случило ако Владица ги однел сите деца на местото каде, по сопствено признание, го фрлил унаказениот леш на Драгана Станковиќ.
 
Инаку, Владица на роденденот цело време си играл со децата, служел и им помагал на братот и снаата.