Излезноста во Крива Паланка 11,46 отсто од обработени 31 избирачко место
Од обработени податоци од 31 од вкупно 47 избирачки места во Општина Крива Паланка излезноста до девет часот изнесува 11,46 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Крива Паланка, Душко Арсовски.
Тој рече дека во одредени избирачки места во пооддалечените рурални средини има пад на системот за обработка на податоците.
И од Општинската изборна комисија во општина Ранковце сè уште не можат да го објават процентот на излезност, поради пад на системот, информира претседателот на ОИК, Ранковце, Даниел Крстевски.
Инаку, во овие две општини на вкупно 60 избирачки места на кои своето избирачко право ќе го остварат вкупно 19.975 граѓани.
Во Општина Крива Паланка право на глас имаат 16.965 граѓани, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а на 13 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 3010 жители на Општина Ранковце.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
