Изложба „Безвремено“ на Ирена Паскали во „Остен“
Уметницата Паскали ги има направено уметничките дела користејќи ја сопствената крв како материјал за акварел. Направени се околу 25 акварели со различна големина со теми пејзажи, портрети, мртва природа, од кои во галеријата „Остен“ ќе бидат изложени девет.
Идејата за овие дела е почната во рамки на проектот „Хибридна течност - сила на уметноста“ во музејот Казино Луксембург во 2003, а завршена со делата во рамки на изложбата во Хал Ин Тирол, Австрија во 2004. Пораката на уметницата е дека крвта е највредната течност во светот.
Ирена Паскали е современа македонска уметница. Родена е во 1969 година во Охрид, израснала во Скопје, а живее во Келн, Германија. Студирала на Фалултетот за природни науки и дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, пред да се запише на постдипломските студии на Академијата за медијални уметности во Келн, каде дипломирала во 2007 година.
Од 2001 година има учествувано на бројни изложби, фестивали и програми за престој на уметници, во Македонија и во странство, Германија, Австрија, САД, Србија, Бугарија, Англија. На почетокот на 2007 се има претставено со самостојна изложба „Урбани пејзажи“ во Cité International des Arts во Париз.
Ирена Паскали работи во повеќе медиуми: фотографија, принт, цртеж, видео и различни материјали, чии композиции водат кон инсталации.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“