Македонија
23. November 2017 - 10:07

Изложба „Цртеж, да? / Е или Не?“ на Ангел Миов во Велес

Во Ликовниот салон во Велес вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Цртеж, да? / Е или Не?“ на Ангел Миов во рамки на 10-тиот проект „Кич, да?/ Сте или не“ што го организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Идејата за проектот произлезе во 2008 година со цел ликовното творештво, пристапот до богатите збирки во националните институции и следењето на творештвото на домашните автори да не биде привилегија само на публиката во Скопје, туку да стане возможно за најшироката ликовна публика во Македонија.

- Истовремено, преку претставувањето на врвните дострели во творештвото, пред публиката се отвора приодот кон секојдневната дилема: „кич да или не” и како да се направи дистинкција помеѓу она што е вистинска уметничка вредност и се поприсутниот кич, соопшти организаторот на проектот.