-->
-->
Изложба „Дел од мене“ во Прилеп
-->
Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Дел од мене“ на двајцата млади прилепски уметници Дарко Талески и Ферди Булут.
Како заедничка компилација од видео, фотографии и инсталација, уметниците испраќаат порака дека уметникот секогаш е поврзан со животот, луѓето, со поднебјето каде што живее, а во Прилепско, одгледувањето тутун го одредува начинот на живеењето.
- Оваа изложба е составена од видеопрезентација, фотографии и инсталации, а централно место зазема саргијата, ткаенината исткаена од коноп во која се калапи тутунот. Таа е илузија на втора кожа. Тоа покажува дека уметниците не може да бидат одделени од начинот на живеењето на луѓето околу нив и длабоко ги преживуваат сите тешкотии кои тие ги имаат, вели Талески.
Булут, пак, го посочува макотрпниот живот на тутунарите. - А саргијата е како втора кожа која се впива во човекот и остава трајни белези и доказ колку е тежок животот, вели Булут.
За публиката изложбата е ново, необично и многу впечатливо искуство, зашто се ретки ваков тип изложби во Македонија. Изложбата „Дел од мене“ е во рамки на манифестацијата Нов културен бран на Министерството за култура.
Уметниците Талески и Булут изложбата „Дел од мене“ на 29 септември ќе ја претстават во Берлин во галеријата на Јован Бабов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград