Изложба на Глигор Старделев во Гевгелија
По речиси шеснаесет години пауза во Гевгелија се случи второто самостојно претставување на ликовниот уметник Глигор Старделев со изложбата на дваесетина слики насловена „И релативноста е релативна“.
Според Миле Ничевски, директор на Домот на културата во Гевгелија, вистинско освежување е да се види опусот на Глигор чии што дела се стилски заокружени и компактни, доследни дури и во своите слабости.
- Неговиот стил е близок до лирскиот потез на Ана Темкова, но дијаметрално спротивен по темперамент. Реалноста и сликарството на Старделев е блиско до обичниот човек, неоптоварено со галериска претенциозност и непотребни вештачки украси, а сепак стилски зрело, изјави Ничевски.
Авторот Глигор Старделев, кој е член на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, вели дека јунаците во неговите слики се личности, односно обичниот свет со впечатливи карактеристики.
- Мојот избор е еден - реализам кој не го заобиколува влијанието на модерното сликарство, рече Старделев, чија што прва самостојна изложба се уште го држи рекордот на посетеност во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем
-
Набавиле кокаин и херион па го препакувале во угостителски објект во Охрид за препродажба
-
Три жени се тепале за паркинг во Аеродром по полноќ
-
Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција
-
Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи
-
Русија со дронови го нападна Киев
-
Во САД започна истрага против Гугл за наводно прикажување негативност кон Трамп
-
Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение