Изложба на графики на Теута Хоџа Имери во Њујорк

Во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД (Gallery MC New York) во текот на овој месец ќе биде отворена изложба на графики на уметницата Теута Хоџа Имери. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Љупчо Маленков, виш кустос, во освртот за изложбата и творештвото на Имери наведува дека „нјизниот апстрактно конципиран графички израз претставува авторефлексивна, автореферентна слика на жена-мајка, жена-сопруга и жена-творец“.
- Во оваа тријада, таа се обидува да го актуелизира и прашањето за сопствениот идентитет во длабоко втемелената општествена хиерархија... Уметноста на Теута Хоџа Имери без сомнение претставува лирска експресија на интимно доживеаното искуство. Секоја графика поединечно претставува тивка софистирана визуелна ламентација, која низ нејзините хронолошки емотивни состојби се прелева и прогресира од една графика во друга. Автобиографското писмо на Теута претставува визуелно преведување на нејзиниот личен став низ различните животни мени...“, наведува Маленков.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
