Македонија
31. August 2017 - 13:00

Изложба на Сергеј Андреевски и Глигор Чемерски во Вилмингтон, САД

Во новата галерија на Академијата за ликовни уметности во Вилмингтон, Северна Каролина, САД, вечер ќе биде отворена изложба на двајцата еминентни македонски уметници, Сергеј Андреевски и Глигор Чемерски.

Изложбата е почеток на прославата на 20-годишниот јубилеј на интернационалната уметничка колонија „Без граници“.

Идејата за организирање на оваа колонија е инспирирација преземена од македонската колонија „Св.Јоаким Осоговски“.

Соработката со македонските уметници и респектот кон нивното творештво е суштината на изложбата која ќе опфати слики и цртежи од разни периоди кога двајцата автори биле присутни и создавале во Америка.

Излозбата ќе биде отворена до 29 септемвтри.