Изложба на слики од Глигор Чемерски во Кавадарци
По повод 77 години од раѓањето на уметникот Глигор Чемерски, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци беше отворена изложба на негови слики.
Сликите припаѓаат на општина Кавадарци, Музејот од Кавадарци и во приватна сопственост. Организатори на изложбата се Музеј-галеријата и Домот на културата, со поддршка на општина Кавадарци.
- Чемерски целиот свој живот го фалеше и сликаше Кавадарци преку многу свои дела, особено преку жешкото тиквешко сонце и гроздоберките, кои ги виде целиот свет. А неговиот роден град е горд што токму поради него, светот ги препознава Кавадарци и Македонија, рече академскиот сликар Владимир Темков.
Шефот во кабинетот на градоначалникот, Сузана Шалева истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите културни манифестации.
- Тука сме собрани за да го одбележиме животот и делото на академик Глигор Чемерски и да го продолжиме духот што тој го врежа во уметноста, рече таа.
За животниот пат и уметноста на Чемерски, говореше пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков.
Скликарот и академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година, а почина на 76-годишна возраст во Скопје. Тој се образувал во Кавадарци, Скопје, Белград и Париз. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, а постдипломски студии на истиот Универзитет. За време на својот живот реализирал повеќе од 70 изложби ширум светот.
Ново на Сител
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба
-
Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна
-
Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата
-
Утрово најстудено во Берово
-
Кливленд го има вториот најдобар старт во историјата на НБА
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година