Македонија
4. October 2016 - 10:41

Изложба на српски уметници во МАНУ

Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите утревечер од 19 часот ќе биде отворена изложба насловена „Европски контексти“ на четворица српски уметници. 

На изложбата ќе бидат претставени дела од Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и  од Богдан Шупут. 

МАНУ ја организира изложбата во соработка со Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.