Изложба на Тања Џипунов во „Матица ексклузив“

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена изложба на слики од уметницата Тања Џипунов која ќе се претстави со дваесет и пет дела создавани во последните неколку години.
На изложбата ќе бидат претставени слики, акрил во платно во комбинација со природни елементи – дрво, коноп, хартија. Изложбата ќе ја отвори Љупчо Маленко.
„Матица македонска“ со оваа изложба ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во изминатите две години во „Матица ексклузив“ беа претставени дела на академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Димитар Малиданов, Новица Трајковски, Ниче Василев, Стефан Хаџи-Николов, Драги Хаџи-Николов, скулпторот Илија Аџиевски...
Ново на Сител
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
