Македонија
4. April 2018 - 8:29

Изложба „Пролетни празнувања“ во Музеј на Град Скопје

Музејот на Град Скопје вечер од 19 часот ќе ја отвори изложбата „Пролетни празнувања“, која ги претставува верувањата и обичаите поврзани со прославувањето на циклусот посветен на обновувањето на природата и вегетацијата.

- Посветена е на доаѓањето на птиците преселници, на новите стопански задачи, на големите селски собори и, секако, на најголемиот христијански празник ВелигдеН. Измешани пластови на верувања кои креираат сопствена целина, соопшти Музеј на Град Скопје.