Изложба „Религијата и модерната уметност“ во Мала станица
Во Национална галерија на Македонија - објект Мала станица денеска беше отворена изложбата „Религијата и модерната уметност“ која ја организира Асоцијацијата за култура ИКОН по повод Светскиот ден на уметноста - 15 Април - датумот на кој бил роден Леонардо да Винчи. Претставени се дела на македонски уметници од различни генерации. Изложбата била поставена во Њујорк во 2005 година, а во Македонија се поставува првпат и е дополнета со дела од уште неколку автори.
Застапени се делата на Глигор Чемерски, Нове Франговски, Владимир Георгиевски, Васко Ташковски, Илија Аџиевски, Симон Шемов, Вана Урошевиќ, Павле Кузманоски, Стефан Хаџи Николов, Доне Милјановски, Димитар Кочевски-Мичо, Петар Попчев, Данчо Ордев, Гоце Божурски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Ставре Димитров-Стадим, Томе Мишев, Страхил Петровски, Јован Шумковски, Жанета Вангели, Александар Ацо Станковски, Атанас Ботев, Новица Трајковски и Вук Митевски.
Претседателот на Асоцијацијата за култура ИКОН Климе Коробар рече дека поводот за одбележување на Светскиот ден на уметноста оваа година е уште поголем зашто се совпаѓа со големиот христијански празник Велигден. Истакна дека изложбата го претставува влијанието на религијата врз современата уметност и дека проектот е отворен и ќе се надополнува со дела на уметници од други религии.
- Идејата беше да се создадат ликовни дела од уметници кои припаѓаат на различни религии и најверојатно во наредните три години ИКОН ќе работи на обезбедување уметници кои припаѓаат на други религии, како муслимани, будисти, припадници на еврејската заедница и, на некој начин, да направиме дијалог меѓу религиите. Затоа што светите книги на која било религија говорат за почитување на луѓето, за човековите вредности, за почитување на другиот без разлика на која вероисповед и припаѓа. Сакаме да придонесеме кон дијалог кој би се воспоставил и кон една порелаксирана атмосфера затоа што религиите се честопати манипулирани и место да шират љубов и разбирање, шират омраза. Уметноста е тука најповикана за да застане на ставот дека човековите вредности се основа, и во уметноста, и во религијата, рече Коробар.
Светскиот ден на уметноста, кој е воспоставен пред пет години, во Македонија се одбележува трета година, а иницијативата е поддржана од Општина Центар. Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека овој ден треба да биде поттик за сегашните и идните генерации да ги осознаат придобивките кои цивилизацијата ги има од уметноста.
- Живееме во поделено општество, по етничка и по верска, по партиска и по социјална основа, и тука уште повеќе го гледаме значењето и улогата на уметноста која ги брише поделбите и границите, рече Жерновски на отворањето на изложбата во Мала станица која ќе може да се посети до 24 април.
Изложбата за отворена ја прогласи отец Атанасиј кој истакна дека уметноста и религијата се нераскинливо поврзани со векови наназад и дека цивилизациите и уметноста се инспирирани од религиските системи. На овие простори ја спомна византиската уметност која, како што рече, во најголемиот свој дел е инспирирана од теологијата на црквата.
Ново на Сител
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска
-
Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес
-
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина