-->
-->
Изложба „Сенки“ на академската сликарка Драгица Ристеска-Димитровска
-->
Во ликовниот салон на хотел „Аполонија“ во Гевгелија е отворена самостојна изложба на слики „,Сенки“ од академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска.
На изложбата се презентираат апстрактни дела изработени во техниките акрил на платно и акрил на тврда подлога, односно дела од последниот циклус на авторката, создадени изминативе две години.
- Целината е инспирирана од безбројни фрагменти, остатоци и сенки што ги пронаоѓав околу себе во секојдневните предмети и објекти што ги спојував и претворав во апстрактни елементи кои потоа ги отсликував на платно како мој автентичен начин на сликарско изразување, рече Ристеска-Димитровска.
Самостојната изложба на академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска ќе биде отворена седум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален