Изложба „Уметничката литература – пат кон културен дијалог и соработка“
Изложба „Уметничката литература – пат кон културен дијалог и соработка“, со која е опфатен избор на дела од бугарски автори преведени на македонски јазик, објавени во периодот од 2000 до 2018 година (од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“) и избор на дела од македонски автори, преведени и објавени во Бугарија во истиот период (од фондот на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ – Пловдив) ќе биде отворена денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Изложбата е дел од активностите во рамките на проектот „Литературна ренесанса во Пловдив“, во кој НУБ „Св. Климент Охридски“ е партнер на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив и на здружението „Писалка и перо“. Проектот е дел од уметничката програма на Општинската фондација Пловдив 2019 – европска престолнина на културата.
Претходно во Центарот за конференции и студии ќе се одржи стручна средба на која ќе бидат разменети искуства и мислења меѓу библиотекарите од НУБ „Св. Климент Охридски“ и од Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен