Изложба „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ во Мала станица
Во рамки на манифестацијата Европски денови на културното наследство (15-22 септември), Националната галерија на Македонија (НГМ) организира тематска изложба насловена „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ која ќе биде отворена денеска напладне во галеријата Мала станица.
Европските денови на културно наследство ги одбележуваат триесетина земји, годинава под заедничка тема „Природата и културното наследство“, а во рамките на општата тема, планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.
НГМ соопшти дека изборот на дела на тема урбан предел од нејзината богата колекција содржи слики на познати и афирмирани автори, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Предраг Милосављевиќ Пеџа, Милан Коњовиќ, Мича Поповиќ...
- Голем дел од нив ќе бидат презентирани првпат пред јавноста на оваа изложба. Сите тие имаат посебен карактеристичен урбан лик, интересни за ликовната публика, како од аспект на ликовни дела, така и од аспект на историски и документарен карактер, како сведоци на едно минато време. Некои дела се со веќе препознатливи мотиви, на пример некој детаљ од Скопје, но и дела инспирирани од Тетово, Кратово, Париз, Венеција, Загреб, Белград, Задар итн, соопшти НГМ за изложбата која вклучува и едукативни работилници.
Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Одбележувањето почна во септември 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската унија. Република Македонија се приклучи кон одбележувањето во 1996 година.
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток