Изложба во Прилеп во чест на фотографот Јордан Зазоски Зазо
Изложба на уметнички фотографии во чест на фотографот Јордан Зазоски Зазо, е отворена синоќа во изложбениот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во организација на Фото клубот од тој град.
На изложбата се претставија 36 автори со 58 фотографии на слободна тема, направени во текот на изминатата година.
- Изложбата е ретроспективна од фотографии и покажува во кој правец водат заложбите на клубот на полето на уметничката фотографија и колкав е напредокот во изминатите години кај младите фотографи во крирањето на уметнички фотодела. Вклученоста и на новите членови во изложбата, со нивни фотографии, само ја збогатуваат оваа прекрасна фото уметничка колекција, истакна претседателот на Фото кино клубот од Прилеп, Сашо Попоски.
Изложбата на уметничка фотографија „Јордан Зазоси Зазо“ ја посети и градоначалникот на Прилеп, кој рече дека членовите на фото клубот Прилеп се учесници и на многу државни и меѓународни натпревари и секогаш се враќаат со награди.
- Тоа пак само потврдува дека со помош на овој успешен фото клуб младите научиле и знаат добро да ја направат уметничката магија, фотографијата, која претставува интересен момент што го отсликува Прилеп и Македонија, посочи Ристески.
Годинава, новина на изложбата „Јордан Зазоски Зазо“ беше учеството на новите членови на клубот кои преку предавања на искусни фотографи, низа активности и работилници, за краток период научија за уметничката фотографија. На најуспешните фотографи клубот им додели признанија и благодарници.
Ново на Сител
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово