Измамен кавадарчанец, платил за работа во Германија, а работа не добил

Кавадарчанец пријавил измама, платил околу 300 евра за да му обезбедат работа во Германија, а работа не добил. Оваа информација за МИА ја потврди Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.
- На 14. овој месец во Полициска станица Кавадарци, Ф.Н.(54) од Кавадарци пријавил дека бил измамен од лице од Неготино. Пријавителот по даден оглас за вработување на Iнтернет, стапил во контакт со измамникот кој се преставил дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство. Со тоа го довел во заблуда Ф.Н. кој во неколку наврати на жиро сметка му исплатил 18,530 денари. При уплакање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје, од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник, појаснува Каракулев.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
